Најинтересните верувања кои се поврзуваат за петок 13

Фото: Принтскрин

Денеска е петок 13, а прв интересен факт кој се поврзува со овој ден е дека секоја година имаме најмалку еден петок 13, а најмногу три.

Според верувањата, секако, ова отсекогаш се сметало за најбаксузниот ден во годината, а поради тоа постојат и одредени претпоставки и теории за тоа како дошло токму овој ден да се смета за најлош.

Почетоцоите за верувањата и суеверијата поврзани со овој датум се поврзуваат за биографијата на италијанскиот композитор Џоакин Росини, кој починал на петок 13. Податоците покажуваат дека суеверието не било популаризирано се додека Ден Браун во книгата „Кодот на Да Винчи“ не пишува за темпларите кои се погубени на петок 13 во Франција. На петок 13 октомври, 1307 година, францускиот крал Филип четври наредил апсење на Жак де Молај, последниот голем мајстор на Витезите темплари. Уапсени се над илјада француски темплари.

Повеќето се убиени, а Молај е запален во 1314 година…Поради тоа постои верување дека овој акт има потекло на верување во несреќа која ја донесува петок 13.

Во христијанската традиција овој број се поврзува за 13. гостин на Тајната вечера и тоа дека Исус е распнат на крст во петок, а тука е и суеверието дека тој 13 гостин на вечерата го издал Исус. Во нумерологијата бројот 13 се смета за целосен и ги рефлектира месеците во годината, бројот на часови во саатот, 12 поени на Олимп, 12 Исусови апостоли и 12 хороскопски знаци, додека 13 како следен во низата се смета за баксузен и ја пореметува концепцијата на совршениот број 12.

Празноверието во врска со бројот 13 е распространето и денес-во некои хотели не постои соба со тој број, многу високи згради немаат 13-ти кат туку скокаат од 12 директно на 14 а во некои авиокомпании решиле да ги исфрлат плочките со несреќниот број од редот на седиштето.

Колку бројот 13 се смета за баксузен говори и фактот дека многу светски аеродроми немаат писти, излези, ниту седишта во авионот под тој број. Во многу болници често не постои соба со број 13, а во Фиренца куќите кои се наоѓаат помеѓу броевите 12 и 14 се означени со бројот 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот