Најголем трансфер во историјата на Балканот, Динамо Загреб ќе заработи богатство за Олмо

twitter/Dani Olmo

Хрватскиот тим е крал на Балканот кога станува збор за продажба на фудбалери.

Динамо Загреб продолжува да им дели лекции на сите екипи од Балканот кога станува збор за продажбата на фудбалери. Хрватскиот тим до крајот на јануари се очекува да го направи најголемиот трансфер во историјата на овие простори, откако се согласи да го продаде младиот шпански репрезентативец, Дани Олмо на германскиот бундеслигаш, Лајпиц.

Сумата која лидерот во Бундес лигата ќе ја плати изнесува неверојанти за овие простори 35 милиони евра. Младиот фудбалер веќе ги напуштил подготовките на Динамо и заминал на лекарски прегледи во Германија.

Според договорот, Динамо веднаш ќе добие 18 милиони евра, а уште толку се очекува да легнат на касата на хрватскиот тим доколку ги исполни условите кои според хрватските медиуми се „лесно остварливи“.

Олмо ќе има право да настапи за Лајпциг во елиминациите во Лигата на шампионите, иако во првиот дел од сезоната со Динамо играше во групната фаза.

Германскиот тим во трката за потписот со талентираниот шпански фудбалер успеа да ја победи конкуренцијата која ја сочинуваа Барселона, Манчестер сити, Милан, Њукасл, Херта, Баер Леверкузен кои на крајот останаа со празни раце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот