Најдобрите македонски фудбалери со првиот тренинг пред натпреварите во Лигата на нации

Македонија се подготвува за дуелите со Грузија и Бугарија/фото: facebook.com/footballfederationofmacedonia

Денеска беше собирот на македонската А репрезентација, по што следуваше и првиот тренинг пред клучните два последни натпревари од нашата група во Лигата „Ц“ од Лигата на нации против Грузија и Бугарија.

Селекторот Благоја Милевски се соочува со проблеми, поради повреди откажаа Дарко Чурлинов, Стефан Ристовски и Ваљон Етеми.

Дополнително е повикан дефанзивниот играч на тетовска Шкендија, Егзон Бејтулаи.

Бобан Николов не се најде на списокот играчи бидејќи три месеци беше без клуб, а пред само два дена потпиша за романскиот вицешампион ФЦСБ.

Ќе недостасува и Кире Ристевски кој пред шест дена потпиша за ерменскиот Пјуник, а Давид Бабунски овој месец го раскина договорот со унгарскиот Дебрецин.

На 23 септември гостуваме кај селекцијата на Грузија во Тбилиси, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаме Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот