Најбрзиот жолт картон во историјата на фудбалот! (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук/M4Sport

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Армин Хоџиќ влезе во историјата на фудбалот како играч кој го добил најбрзиот жолт картон во историјата на овој спорт!

Имено, тој во дуелот од унгарскиот шампионат во дресот на својот Видеотон против Залаегершег доби жолт веднаш после моментот кога главниот судија даде знак за почеток на натпреварот.

Хоџиќ после првиот удар од центарот веднаш влезе во физички судир со противнички играч, по што и со отворена копачка неспортски реагираше.

Сето тоа се случуваше пред очите на судијата кој веднаш му додели жолт картон, иако играчот се жалеше, одлуката остана непроменета.

Хоџиќ на неславен начин влезе во историјата на фудбалот, бидејќи веројатно го надмина рекордот по добивањето на картонот, бидејќи играта траеше едвај една секунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот