Најава за импичмент на помалку од еден месец до изборите во САД: Демократите ќе се обидат да го сменат Трамп

Фото: EPA-EFE/ALEX EDELMAN

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес најавија дека ќе се повикаат на прилично нејасен уставен амандман и повторно ќе се обидат да го сменат Доналд Трамп. Овој најнов обид за смена на американскиот претседател доаѓа на помалку од еден месец до изборите што се закажани на 3 ноември.

Планот го презентираше лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која предвидува повикување на уставниот амандман со кој може, иако не е многу веројатно, да се смени претседателот врз основа на проценка за неговата способност да ја води нацијата и на негово место да се постави потпретседателот, Мајк Пенс.

Пелоси најави дека денеска ќе ја достави нивната иницијатива за активирање на 25-тиот амандман од американскиот Устав, но шансите демократите да успеат да го сменат Трамп на ваков начин се научна фантастика, бидејќи покрај двата Дома на Конгресот со ваквиот развој на настаните мора да се согласи и потпретседателот Пенс.

Главниот аргумент на Пелоси всушност е прашањето „дали Трамп е ментално подготвен” да управува со земјата поради лековите што ги прима како дел од терапијата со ковид-19.

– Претседателот, така да кажеме, сега е во друга состојба. Јас немам одговор на таквото однесување. Постојат луѓе кои велат дека кога сте на стероиди или ковид-19, може да имате одредено нарушување во размислувањето, изјави Пелоси за телевизијата „Блумберг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот