Наградата „Пегаз“ како предизвик за романописците

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишаа третиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година. За наградата можат да конкурираат сите заинтересирани автори со свои необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца, напишани на македонски јазик со кирилично писмо. Конкурсот ќе биде отворен до 31 мај 2021 година. Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна комисија, составена од двајца релевантни и реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 октомври 2021 година. На минатогодишното, второ издание на „Пегаз“, пристигна 61 ракопис, а првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, победи ракописот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук, a дополнително „Арс Ламина“ го објави и романот „Курвински хроники“ на Александар Русјаков, кој беше позитивно оценет од стручното жири.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 79, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот