Надал не ја заврши сезоната, ќе игра и во Париз и во Лондон

epa08715927 Rafael Nadal of Spain hits a forehand during his third round match against Stefano Travaglia of Italy during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 02 October 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Рафаел Надал по триумфот на Ролан Гарос, до крајот на годината ќе игра на уште два турнири, Мастерсот во Париз и завршниот АТП турнир во Лондон, пренесува „Марка“.

Надал по убедлиот триумф во финалето на Ролан Гарос над Новак Ѓоковиќ со што дојде до 13. титула на овој грен слем турнир, по што не беше сигурен дали ќе игра до крајот на годината. Но, како што јавува весникот „Марка“,
Надал по разговорите со својот тим одлучил да настапи на уште два турнири.

Надал е непобедлив на Ролан Гарос: Преку Ѓоковиќ до  13. титула во Париз и израмнување на грен слем рекордот на Федерер

Шпанецот ќе игра на Мастерсот во Париз кој е еден од трите мастерс турнири на кои Надал не победи заедно со тие во Мајами и во Шангај, а исто така нема победа ниту на завршниот АТП турнир кој ќе се игра во Лондон.

Надал на турнирот во Париз долку тримфира ќе освои дополнителни 640 бода и ќе се врати во трката за првото место на АТП ранг листата.
За завршниот турнир во Лондон минатата година, Надал ги заврши настапите во групната фаза иако оствари две победи.

Мастерсот во Париз ќе се игра од 2. до 8. ноември, додека завршниот АТП турнир во Лондон е предвиден да се игра од 15. до 22. ноември.

Ѓоковиќ заврши во виц на Википедија поради Рафаел Надал (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот