Надал е непобедлив на Ролан Гарос: Преку Ѓоковиќ до  13. титула во Париз и израмнување на грен слем рекордот на Федерер

epa08735999 Rafael Nadal of Spain reacts after winning against Novak Djokovic of Serbia in their men?s final match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 11 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Шпанецот уште еднаш покажа зашто е „крал на земјените терени“ и е непобедлив во финалињата на Ролан Гарос, освојувајќи ја 13. титула во Париз откако во финалето го победи Новак Ѓоковиќ со чисти 3:0 (6:0,6:2,7:5) во сетови.

Ова воедно беше и 20. грен слем титула за Надал во кариерата со што се израмни со Рожер Федерер на листата на тенисери со највеќе титули на најголемите турнири.

Надал исто така покажа зашто е „крал на земјените терени“ и во 13. финале на Ролан Гарос ја издвојува 13. победа, а четврти пат до титулата дојде без да загуби ниту еден сет на целиот турнир.

Ова исто така беше и негова 100. победа на Ролан Гарос во кариерата, а 27. победа во дуелите со Новак Ѓоковиќ кој пат во петтото финале во Париз загуби по четврти пат.

Во првиот сет, иако траеше дури 46. минути, Надал триумфира со максимални 6:0 искористувајќи ги сите грешки на Ѓоковиќ. Катастрофалната игра полна со неизнудени грешки на српскиот тенисер продолжи и во вториот сет иако го освои првиот гем.

Потоа на следните два сервис гемови на Ѓоковиќ, Надал прави два брејка за убедлив триумф од 6:2 и водство од 2:0 во гемови. За тоа колку добро играше Надал најдобро покажува статистиката, Шпанецот имаше само три неизнудени грешки во првите два сета, додека Ѓоковиќ имаше дури 30, по 15 во секој сет.

Во третиот сет поинаква приказна, Ѓоковиќ се разбуди од летаргијата иако Надал прв направи брејк за водство од 3:2. Ѓоковиќ експресно возвраќа, но во 11. гем го губи својот сервис и му овозможи на Надал да сервира за титула. Шпанецот беше сигурен, не дозволи да освои ниту еден поен на својот противник и по 13. пат триумфира на Ролан Гарос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот