Ѓоковиќ заврши во виц на Википедија поради Рафаел Надал (ФОТО)

epa08735439 Rafael Nadal of Spain (L) and Novak Djokovic of Serbia pose prior their men?s final match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 11 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Рафаел Надал уште еднаш потврди дека е „крал на земјените терени“ и апсолутел владетел на Ролан Гарос растурајќи го Новак Ѓоковиќ во неделното финале.

Ова беше 13. трофеј за Надал на Ролан Гарос притоа победувајќи во сите 13. финалиња, а воедно и претставуваше 100. триумф на грен слем турнирот кој се игра во Париз.

Поради бруталната доминација на Надал на Ролан Гарос, фановите на тенисерот ја изменија шпанската страница на турнирот на Википедија и наместо стандарден опис на Ролан Гарос е напишан виц кој се прераскажува во Шпанија.

Ролан Гарос е турнир на кој учествуваат 128 тенисери од кои 127 се натпреваруваат меѓу себе за тоа кој ќе загуби против Рафаел Надал во финалето“, стои во изменетата страница на Википедија.


 

Видео на денот