Надал го доби трилерот со Циципас и ги задржа шансите за полуфинале

twitter:ATP Tour

Рафаел Надал по речиси три часа игра со 6:7,6:4,7:5 го победи Стефанос Циципас во последното трето коло од групата Андре Агаси на завршниот Мастерс турнир во Лондон.

Првиот тенисер на АТП ранг листата со овој триумф ги задржа шансите за пласман во полуфиналето. На Надал му е потребно Данил Медведев кој веќе нема шанси за полуфинале, во вечерашната пресметка да го победи Александер Зверев. Доколку се случи тоа, Надал ќе биде прв во својата група и во полуфиналето ќе игра против Рожер Федерер, додека со триумф на Германецот, понатаму продолжуваат Циципас и Зверев.

И двајцата тенисери одлично влегоа во овој дуел, одлично сервираа и ги чуваа своите сервис гемови поради што за еден час игра немаше ниту една брејк топка. ВО тајбрејкот, Надал беше тој што повеќе грешеше, а Циципас одлично ги користеше своите шанси, за на крајот да триумфира со 7:4.

Во вториот сет, Шпанецот заигра далеку поагресивно и го ставаше на се поголеми маки својот млад ривал. Циципас дури во три наврати успеа да ги спаси брејк топките но не успеа во четвриот обид. Надал направи брејк во деветиот гем и со одличен сервис дојде до израмнување во сетови.

Во третиот сет, сликата беше идентична од вториот, Надал постојано се закануваше, а Циципас на почетокот до прецизни сервиси успеваше да ги одбие нападите. Меѓутоа при крајот на сетот, во 11 гем попушти, му дозволи на противникот да дојде до брејк и водство од 6:5, по што со сигурен сервис Надал дојде до победа која го остави во игра за полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот