Над 80 милиони деца загрозени од болести кои можат да се превенираат со вакцина

Тоа најверојатно, ќе влијае врз околу 80 милиони деца на возраст под една година кои живеат во тие држави.

Околу 80 милиони деца ширум светот би можеле да бидат изложени на ризик од болести што можат да се спречат со вакцинирање, како што се дифтерија, сипаници и детска парализа, затоа што рутинската имунизација е нарушена за време на пандемијата на Ковид-19, предупредуваат агенциите на ОН и Асоцијација за вакцинација на ГАВИ.

Пред глобалниот самит за вакцинирање, закажан за 4 јуни, Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и ГАВИ во заедничко соопштение истакнуваат дека податоците покажуваат дека обезбедувањето рутински услуги за имунизација е значително нарушено во најмалку 68 држави.

Според нив, тоа најверојатно, ќе влијае врз околу 80 милиони деца на возраст под една година кои живеат во тие држави.

Зад ваквото невидено нарушување на услугите на глобално ниво, „без пресдан” откако проширени програми почнаа во 70-те години, се должат на патните ограничувања, одложувања во испораките на вакцини, неподготвеност на некои родители да заминат од дома поради страв од изложеност на коронавирусот и недостиг на здравствени работници.

– Не можеме да дозволиме борбата против една болест да биде на штета на долгорочниот напредок што е постигнат во нашата борба против другите болести, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

– Иако околностите може да бараат од нас привремено да запреме некои обиди за имунизација, овие имунизации мора да бидат продолжени што е можно поскоро или ќе ризикуваме да замениме една смртоносна епидемија со друга, истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот