Над 20 сообраќајки вчера во Скопје, едно лице потешко повредено

Во девет сообраќајки со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во 11 била причинета материјална штета.

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно 21 сообраќајна незгода случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во девет сообраќајки со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во 11 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека од сообраќај бил исклучен еден возач пред да се стекне со право на управување моторно возило.

Со специјалното возило „пајак” биле подигнати 32 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот