Над 13 милиони Австралијци во карантин поради делта-сојот

ковид-19
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Над 13 милиони Австралијци, или околу половина од населението, се наоѓаат во блокада по најновите ограничувачки мерки воведени поради Делта сојот на коронавирус.

Како што јавува Би-Би-Си, сето тоа предизвикало голем гнев кај населението.

Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, во вторникот се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во однос на воведувањето рестриктивни мерки.

Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако се заразија пет лица.

Според Би-Би-Си, до неодамна, Австралија беше фалена за стратегијата за затворање на границите, карантинските програми и брзите заклучувања, а од почетокот на пандемијата се регистрирани помалку од 1.000 смртни случаи.

Сепак, брзото ширење на многу заразниот сој Делта создаде нови предизвици за земјата и во прв план ја истакна ниската стапка на вакцинација, додава британскиот медиум.

И покрај блокадата на Сиднеј од минатиот месец, градот забележа 110 нови случаи, така што повеќе од 1.300 лица се заразени во последниот бран.

На граѓаните не им е дозволено да ги напуштаат своите домови освен ако одат по неопходни намирници, да вежбаат или имаат важни причини да излезат надвор.

Затворени се и градилиштата, како и продавниците за малопродажба.

Пандемијата им одзеде родител или старател на 1,5 милиона деца низ светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот