Најдобрата македонска ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја дели правдата на денешното дерби помеѓу Хрватска и Катар (18 часот).
Ова е прв пат Начевски и Николов да им судат на Хрватите по финалето на Европското првенство кога „коцкестите“ загубија од Шпанија откако во финишот македонските одлично приметија дека Игор Карачиќ направи чекори.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Катар ќе одлучува за тоа кој ќе го освои првото место во групата Ц.
Катар во првите два натпревари ги совлада селекциите на Ангола и Јапонија, додека Хрватска одигра нерешено со Јапонија на стартот по што во второто коло беше подобра од Ангола.