На тенисерката Андреева на 14 години и се заканувале: Ќе те најдам и ќе ти ги отсечам рацете
Русинката сподели со јавноста морничава закана што ја добила по еден пораз кога имала само 14 години
Проблемот што Британката Ема Радукану го имаше на турнирот во Дубаи, кога непознат човек ја вознемирувал од трибината, отвори тема во која и други тенисерки проговорија за малтретирања што ги трпат од непознати лица.
Препорачано
Една од нов е Русинката Мира Андреева (17) која во јавноста сподели морничава закана од непознат човек кога имала само 14 години.
– По секој пораз мислам дека секоја тенисерка добива еден куп пораки со омраза. Се сеќавам еднаш кога имав 14 години, играв еден од моите први ИТФ турнири, а по поразот добив порака во која пишуваше: Погледнувај наоколу затоа што ќе те најдам и ќе ти ги отсечам рацете. Тоа беше порака на која се сеќавам до ден-денес – изјави Андреева.
Радукану (22) беше вознемирена од непознат човек од трибините, по што го прекина мечот и се пожали кај судијата.
Emma Raducanu in tears after encounter with ‘stalker’ at Dubai Duty Free Tennis Championships https://t.co/E4tvGaBDQC
— The National (@TheNationalNews) February 19, 2025
Човекот беше отстранет, Радукану го продолжи мечот со Каролина Мучова но изгуби со 0-2.


