На Русин кој убил педофил и ја спасил неговата жртва му се закануваат 15 години затвор

Десетина илјади луѓе потпишаа петиција со која бараат ослободување на Санкин.

Владимир Санкин, механичар од градот Уфа во Русија, убил осуден педофил и сега го чека казна затвор од 15 години, јавува британски „Метро“.

Имено, 54-годишниот Владимир Зајцев киднапирал момче и му се заканувал дека ќе го распарчи со секира ако не се соблече.

Две момчиња влегле во станот на педофилот за да се затоплат, а кога влегле, од двајцата тој барал да ја соблечат облеката. Меѓутоа, едно од момчињата успеало да побегне и за тоа да го информира Санкин.

Во паника му се обратил и му раскажал што се случило. Санкин без размислување отишол во станот и слушнал како плаче момчето. Го ослободил, а тоа надвор го изнел педофилот и го тепал со дрвен стап се доаѓањето на полицијата.

Зајцев, кој подлегнал на повредите, неодамна отслужил затворска казна поради сексуални напади врз деца.

– Не очекував дека ќе умре. Спасив две деца… од него – рече Санкин.

Тој е приведен и обвинет за намерно нанесување на телесни повреди кои резултирале со смрт на жртвата од небрежност.

Меѓутоа, јавноста го поддржува и бара обвинението да се отфрли.

Десетина илјади луѓе потпишаа петиција со која бараат ослободување на Санкин. Во описот на петицијата стои дека педофилот умрел такашто откако паднал ја повредил главата. Тој ја има поддршката и од својата сопруга, а адвокатот се надева дека судот ќе ги земе во обзир околностите на убиството.

Во моментов тој е во домашен притвор и ќе остане се до крајот на истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот