На пратениците ќе им се прави епидемиолошка анкета, па ќе се одлучува за изолација

Откако утринава беше познато дека пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ е примен на Инфективната клиника, на останатите пратеници кои биле во контакт со него, ќе им се прави епидемиолошка анкета, што е редовна процедура за секое лице кое било позитивно на корона-тестот. 

Пратеникот Јахоски е хоспитализиран со симптоми на коронавирус

– Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации, пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдија денеска со соопштение од Собранието.

Оттаму апелираа до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.

Претседателот Џафери потврдува дека пратеникот Јахоски не присуствувал на вчерашната седница на Собранието кое одлучуваше за „Викендот без ДДВ“ и неколку други закони, ниту пак бил во објектот.

Пратеничката група на СДСМ два пати бараше пратениците да работат онлајн, заради ситуацијата со ковид-19, нешто што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот