На плажа или во музеј: Омилените места за водење љубов, а да не е спалната соба

Фото: Pexels/Adam Kontor

Ако сè уште не ви е јасно: Не мора да имате секс само во спалната соба, зад затворени врати! Многумина би направиле сè за да го избегнат класичниот секс и досадните пози меѓу чаршавите, пренесува „Дејли стар“.

Едно истражување, спроведено од порталот „Паспорт фото онлајн“, на илјада испитаници покажало дека дури 80 отсто од нив веруваат дека сексот е подобар доколку се случува надвор од домот, а 85 отсто од нив најмногу уживаат во сексуалните игри за време на годишниот одмор.

Дури 72 отсто од паровите велат дека е поверојатно да се впуштат во сексуално експериментирање додека патуваат.

Фото: Pexels/cottonbro studio

Половина од испитаниците велат дека не заминуваат на одмор без да понесат лубриканти (49 проценти), додека секси долната облека е „задолжителна“ за 46 проценти од испитаниците. Но, изненадувачки е фактот дека само 37 отсто од испитаниците понесуваат секси играчки за време на патувањата.

Најчестото место за водење љубов на одмор не е многу романтично – хотелска соба (75 отсто од испитаниците), а потоа следат тушевите или кадите (65 отсто од испитаниците). Сепак, 60 отсто од испитаниците сакаат да имаат секс во шатор, а 39 отсто од нив – во автомобил. Тие најчесто фантазираат за секс на плажа, 49 отсто од нив сакаат да имаат секс „во природа“, а 45 отсто се подготвени да ризикуваат, бидејќи би сакале да имаат секс во кану, среде океан/море. Исто така, 12 проценти фантазираат за сексуален однос во музеј.

Девет од десет испитаници го оцениле сексот како главна занимација на крстарење, а се покажало дека дури 40 отсто од Британките помлади од 30 години имале секс за една ноќ на одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот