На отворањето на новите простории на бугарскиот културен клуб од Софија доаѓа министерот за култура Минеков

Бугарскиот Културно - информативен центар во Скопје/Фото: Facebook/Фондация Македония

Во сенка на последниот инцидент со клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, денеска во Скопје се отвораат новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар. На отворањето, според најавите од бугарските медиуми, ќе присуствува министерот за култура Велислав Минеков.

Во посета на Скопје денеска пристигнува и бугарскиот министер за земјоделство Јавор Гечев, на покана на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Претходно гостин на министерот за екологија Насер Нуредини, му беше бугарската министерка за екологија Росица Карамфилова.

„Пукна“ незадоволството од името „Цар Борис Трети“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот