На онлајн седница ќе се разгледува извештајот од Главниот кризен штаб за справување со ковид-19

Свеченост по повод 8 Септември - Денот на независноста/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Владата денеска напладне ќе одржи седница онлајн на која ќе го рагледа записникот од шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19.

На дневен ред на оваа владина седница се и Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2019 година, Годишниот извештај за работата на Државното правобранителство за 2019 година, како и неколку точки под надлежност на Министерството за транспорт и врски како што се информацијата за напредокот на изградбата на железничкииот граничен премин „Табановце” до 30 септември годинава и Ииформацијата за воведување на информациски систем за управување со енергијата – ЕМИС до 30 септември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот