На место на трагично загинатиот Монастирски, именуван е нов министер за внатрешни работи на Украина

Хеликоптерска несреќа Украина/ Фото: Sergei Supinsky / AFP / Profimedia

Началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, е именуван за вршител на должноста министер за внатрешни работи на Украина, откако на 18 јануари при пад на хеликоптер загина министерот Денис Монастирски и високи функционери во Министерството за внатрешни работи.

При падот на хеликоптерот загинаа 14 луѓе, од кои девет биле во хеликоптерот на службата за итни случаи. Хеликоптерот се урна во близина на градинка и станбена зграда во предградие на Киев. Клименко вели дека Министерството за внатрешни работи функционира.

„Наша должност е да ги исполниме сите задачи што ги планира министерот Монастирски. И што е најважно да ги заштитиме луѓето и Украина“, соопшти прес-службата на Министерството.

Засега не се знае дали станува збор за несреќа или за последица на војната, но е отворена истрага за случајот. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски оцени дека тоа е ужасна трагедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот