На Геријатрија пет пациенти заразени со ковид-19, потврди директорката на установата

Пет пациенти сместени во специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина во Скопје се заразени со Ковид-19, потврди за Сител директорката на установата Д-р Салија Љатиф Петрушовска.

Според неа пациентите најверојатнo се заразени од вработени во установата, бидејќи тестирањата на персоналот кој е ангажиран на тој оддел покажал присуство на вирусот кај три лица.

Двајца од пациентите кои имале потешка клиничка слика се префрлени на Клиниката за инфективни болести, а другите тројца се сместени во Детската болница Козле која во моментов функционира како втор Ковид центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот