На ексминистерот Ристовски неосновано му бил продолжуван притворот за „27 април“ пресуди судот во Стразбур

На поранешниот министер Спиро Ристовски, обвинет во случајот „Организатори на 27 април“, му било повредено правото на слобода во однос на продолжувањето на мерката куќен притвор, пресуди Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур кој денеска ја објави пресудата.

Судот во Стразбур смета дека има повреда на членот 5 став 4 од Конвенцијата поради тоа што не му била доставена копија од поднесоците на повисокиот јавен обвинител на неговите жалби против десет наредби за продолжување на куќниот притвор.

За објавената предуда на судот во Стразбур пристигна и партиска реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целиот случај е правна камиказа и е граден врз политички мотиви, наместо правни аргументи. Овој случај беше користен за политички линч од Кацарска судството и Русковска обвинителството кон ВМРО-ДПМНЕ при што настрадаа многу невини луѓе. Поради пресудата за 27ми април Кацарска сега е наградена во Уставен судија за нејзина претседател, а Русковска остана да биде синоним за срамните обвиненија. Овој конкретен случај беше воден од судијата Илија Трпков, а за притворите кои незаконски се доделувале одлучувале судии од Судскиот Совет. Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат. Наместо ловење криминал, Кацарска судството водеше политички линч“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така пресуда има и за ексраководителот на Одделот за посебни единици во полицијата, Митко Пешов, исто така осуден за настаните од 27 април. Неговиот случај, Судот во Стразбур го споил во еден предмет заедно со случајот на Ристовски, а донесена е пресуда со која е утврдена повреда на правото слобода во однос на притворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот