На денешен ден е роден кошаркарскиот романтичар Мирза Делибашиќ

Мирза Делибашиќ/twitter/Diario Marca

На денешен ден во 1954 година во Тузла, роден е Мирза Делибашиќ, популарниот „Кинѓе“ и еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња и вистинска легенда на југословенската кошарка.

Мирза Делибашиќ во легендите влезе со екипата на Босна со која стана европски шампион, а тимот од Сараево стана првиот клуб од поранешната СФР Југославија кој го подигнал пехарот од најелитното кошаркарско клупско натпреварување во Европа.

Два пати со Босна ја освојуваше титулата и во силната југословенска лига, а во 1980 година е прогласен за најдобар кошаркар во СФР. Со репрезентацијата на СФР Југославија има златен медал од Олимписките игри 1980 година,  од Светското првенство 1978 година, а има и две титули од Европските првенства (1975 и 1977).

Мирза Делибашиќ, кошаркарски романтичар кој почина од болеста наречена тага, војна, Југославија (ВИДЕО)

Во 1980 година ја започнува интернационалната кариера и тоа во Реал мадрид каде и денеска го има статусот на легенда и еден од најдобрите кошаркари во историјата на „кралскиот клуб“.
Дресот на репрезентацијата на СФРЈ го носеше 176 пати и постигна 1.759 поени. Во 2000 година е прогласен за најдобар спортист на сите времиња во БиХ.

Делибашиќ беше селектор на репрезентацијата на БиХ која на ЕП 1993 година го освои осмото место, што се уште е најдобар пласман на Европските првенства за Босанците. Мирза Делибашиќ почина во Сараево на 8 декември 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот