На денешен ден – 18 декември: Роден е филмскиот режисер Стивен Спилберг, автор на низа исклучително успешни филмови
1398.- Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан (Тимур Ленк) го зазеде индискиот град Делхи.
Препорачано
1644.- Веднаш по полнолетството на престолот застана шведската кралица Кристина Аугуст, која одма и стави крај на војната со Данска, а во 1648 година и на Триеседгодишната војна со што Шведска стана голема сила на Балтикот. Абдицираше во 1654 година кога се откри дека тајно премина во римокатоличката вера која тогаш беше забранета во Шведска.
1709.- Родена е руската царица Елисавета Петровна Романов, ќерка на Петар Велики. Нејзиното владеење од 1741 до 1762 година не е карактеристично со територијално проширување на Русија како што беше карактеристично за нејзиниот такто, како и за Катерина Велика, која на престол дојде неколку месеци по смртта на Елисавета.
1737.- Умре Италијанецот Антонио Страдивари, најпознат светски мајстор на виолини и други гудачки инструменти. Направи околу 1.100 виолини, виоли и гитари. Со неговиот потпис сочувани се околу 500 виолини, 12 виоли и 50 виолончела. Стручњаците не ја открија тајната на совршеството на резонанците на неговите виолини. Се знае дека дрвото го купуваше во Далмација, главно елово и врбово, но не се знае хемискиот состав на лакот – од светло црвена до темно црвена – со кој ги премачкуваше инструментите.
1786.- Во Ојтин е роден Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент. Покрај Шуберт, тој е главен претставник на германскиот романтизам. Познати се неговите опери “Евријанте”, “Волшебниот стрелец” и “Оберон”. Умре во Лондон во 1826 година.
1803.- Умре германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер, кој со делото „Идеи за филозофија на историјата на човештвото“ значително влијаеше на младиот Јохан Волфганг Гете, на книжевното движење „ssturm und drang“ и на целиот германски романтизам. Едно од најголемите негови дела е збирката на народни песни „Гласови на народот во песните“.
1828.- Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, во кој загинаа 30.000 луѓе.
1829.- Умре Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и филозоф, основач на учењето за развитокот на живите суштества. Според него, живите суштества ја менуваат структурата и некои органи, зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Роден е на 1 август 1744 година.
1856.- Роден е англискиот физичар Џозеф Џон Томсон, претседател на Кралското друштво во Лондон, професор на Универзитетитот во Кембриџ, како и добитник на Нобеловата награда за физика во 1906 година. Во 1897 година го откри електронот, како и атомската структура на електрицитетите и ја даде научната основа за спроведување на електрицитетот низ гасовите.
1863.- Роден е австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Фердинанд. Неговото убиство во Сараево во 1914 година Австроунгарија го искористи како изговор за напад врз Србија, почнувајќи ја така Првата светска војна.
1865.- Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1903.- Со меѓусебен договор меѓу Америка и Панама, зоната на Панамскиот канал е ставена под контрола на САД.
1911.- Роден е францускиот филмски режисер Жил Дасен. Филмови: „Брутална сила“, „Рифифи“, „Оној кој мора да умре“, „Закон“, „Федра“.
1913.- Роден е Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Како канцелар (1969-1974), со своето поклонение на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година придонесе за унапредување на односите меѓу СР Германија и источноевропските земји. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Умре во Укел, кај Бон, на 8 октомври 1992 година.
1916.- Французите кај Верден прецизно ги утврдија точките на Западниот фронт по десетмесечните битки во Првата светска војна против Германците. Во најмасовната и најкрвавата битка во војната, загинаа 543.000 Французи и 434.000 Германци.
1935.- Едвард Бенеш е избран за претседател на Чехословачка, четири дена по оставката на првиот шеф на државата Томаш Масарик.
1940.- Со тајниот план под шифрата „Операција Барбароса“, германскиот водач Адолф Хитлер му нареди на Генералштабот на германската армија да подготви инвазија врз Русија во Втората светска војна.
1941.- Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави – сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
1947.- Роден е американскиот филмски режисер Стивен Спилберг, автор на низа исклучително финансиски успешни филмови. Филмови: „Нешто ѓаволско“, „Дуел“, „Тексас експрес“, „Ајкула“, „Блиски средби од трет вид“, триологијата за Индијана Џонс, „Шиндлеровата листа“.
1948.- Холандија ја обнови офанзивата врз бившата колонија Индонезија (Холандска Источна Индија) која прогласи независност во 1945 година. Ја зароби владата на Ахмед Сукарно, прекршувајќи го договорот со кој во 1946 година ја призна неговата влада. Сукарно и уште десетмина водачи беа истерани во прогноство, но под притисок на движењето на отпорот и светското јавно мислење Холандија со договорот во Хаг во 1949 година безусловно го призна суверенитетот на Индонезија, без Западен Иријан.
1956.- Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1958.- Прогласена е Република Нигер, како самостојна држава во Екваторијална Африка. Дотогаш беше француска колонија.
1961.- Индиската армија влезе во Гоа, португалска колонијална енклава на западниот брег на Индија. Гоа беше португалска колонијална енклава од самиот почеток на 16. век.
1965.- Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970.- Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1972.- Американците во Виетнамската војна отпочнаа со масовно бомбардирање на главниот град на Виетнам, Ханој. Во текот на 12-деноноќно бомбардирање, наречено „божикно бомбардирање“, бомбите од џиновските авиони „В 52“ усмртиле повеќе од 1.600 виетнамски цивили. Исто така загинаа и беа заробени 70 американски пилоти.
1973.- Сирија одби да учествува на женевските разговори за Блискиот Исток.
1980.- Умре советскиот државник Алексеј Николајевич Косигин, претседател на Советскиот Сојуз. Во Црвената армија стапи во 1918 година како доброволец. Од 1964 година по падот на Никита Хрушчов, до пред самата смрт ја обавуваше должноста претседател на Министерскиот совет (влада).
1994.- Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1995.- Во Фулда умре Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот. Тој го конструира првиот електронски компјутер во светот под назив З3, во 1941 година. Бидејќи Германија беше во војна, оваа новина не можеше веднаш да се презентира. Едно независно истражување во САД доведе до конструирање на сличен апарат во 1944 година под називот Мар 1. Роден е во 1910 година.
1995.- Во несреќата на заирски патнички авион, кој се урна во северна Ангола, загинаа 141 патник и член на екипажот.
1999.- Претседателката на Шри Ланка Кандрика Кумаратунга е повредена во експлозија на една од двете бомби во која загинаа 33, а беа ранети 137 лица. Власта за овој терористички акт во Коломбо ги обвини тамилските сепаратисти.
2001.- Умре францускиот пејач Жилбер Беко, шансоњер кој скоро половина век компонираше повеќе од 400 песни, вклучувајќи ја и прочуената „Натали“. Неговиот хит „А сега“, доживеа голем успех во англиска верзија во интерпретација на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд.
2005.- На претседателските избори во Боливија победи Евро Морале, како припадник на индијанскиот народ Ајмари.
2006.- Умре Џо Барбара, коавтор со Бил Ханон на цртаните филмови како што се Том и Џери, семејството Кременко, Штрумфови и Скуби Ду. Барбера првиот успех го доживеа со цртаните филмови за Том и Џери. Двајцата творци започнаа во средината на 30-ите, а успехот на популарноста го стекнаа во 60-ите години од минатиот век.
2011.– Поранешниот претседател на Чешката Република и некогашен дисидент Вацлав Хавел почина во 75-та година од животот. Роден е во 1936 година во Прага, во претприемачко и интелектуално семејство на кое во 1948 година му е конфискуван целиот имот. Заради тоа комунистичкиот режим му забрани да студира по завршувањето на средното училиште. Тоа е причината заради која тој замина да работи во хемиска лабораторија, а подоцна дописно да заврши уште некои школи. И пред политичката кариера, тој се занимаваше со пишување, а уште како тинејџер објавувал драми, кои се изведувани на сите светски сцени, а кои кога беше проскрибиран во својата земја му донесоа меѓународен углед. Хавел беше еден од клучните луѓе на Плишаната револуција од 1989 година и активен учесник во движењето Прашка пролет од 1968 година, заради што беше „ставен под надгледување“ на властите, а четири години, од 1979 до 1983 година, мина во затвор. Од 1989 до 1992 година беше деветиот претседател на Чехословачка, кога поднесе оставка противејќи се на поделбата на земјата, а од 1993 до 2003, во два мандата, беше претседател на Чешката Република.


