На бојното поле загинал познатиот украински монтажер Виктор Ониско
Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на бојното поле е убиен филмскиот монтажер Виктор Ониско, кој работел на филмовите „Упориште“, „Јастребот кој се крева“ и „Видана“.
„Толку многу храбри и талентирани Украинци ги жртвуваат своите животи за да ја заштитат татковината во оваа војна против ордите на темнината. Нека вечно свети светлината на споменот на нашите херои“, објави Министерството за одбрана на Твитер.
Сопругата Олга Бирзул се прости од него на Фејсбук, пишува Си-Ен-Ен.
Famous Ukrainian film editor Viktor Onysko has died at the front.
So many brave and talented Ukrainians are sacrificing their lives in this war against the hordes of darkness to protect their homeland.
May the light of the memory of our heroes shine eternally. pic.twitter.com/kQkkMSCgDn— Defense of Ukraine (@DefenceU) January 2, 2023
„Моето срце засекогаш ќе остане во ужасната 2022 година. Затоа што остана таму. Мој херој. Моја љубов. Мое сè. Не знам како да живеам и дишам без тебе. Не знам дали некогаш ќе бидам способна повторно да сонува. Единственото нешто што го имам си ти си деветгодишно девојче со твоите сиви очи“, напиша Бирзул.
„Кога денес плачев во возот, таа ме погали по главата и рече дека тато се борел за нашата слобода, дека никогаш нема да ја заборавиме и дека засекогаш ќе остане во нашите мисли. Нашето мало возрасно девојче. Една од илјадниците на невини деца чии родители беа убиени проклети Руси. Болно е, неописливо болно“, додаде таа.