На 23 март ќе биде лансиран првиот словенечки сателит во вселената

Лансирањето неколку пати беше одложувано поради технички проблеми, а последните проверки кои се направени во специјални центри во Чешка, покажуваат дека „Трисат“ е подготвен за својата мисија.

Првиот словенечки сателит наречен „Трисат“ на 23 март ќе биде лансиран од космодромот во француска Гвајана. Тој ќе биде само еден од повеќе сателити кој во вселената ќе бидат лансирани со ракета „Вега“.

Сателитот беше развиван неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти од Мариборскиот универзитет и експерти од приватната словенечка компанија “Скајлабс”, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лансирањето неколку пати беше одложувано поради технички проблеми, а последните проверки кои се направени во специјални центри во Чешка, покажуваат дека „Трисат“ е подготвен за својата мисија.

Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на висина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот