МЗТ Скопје си донесе центар на Турција

Екипата на МЗТ Скопје во продолжението од сезоната ќе биде посилна за 20-годишен и 210 сантиметри висок центар. Станува збор за поранешниот кадетски, јуниорски и младински репрезентативец на Турција, Рагип Берке Атар кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за доскорешен кошаркар на турскиот тим Банвит, за кој настапуваше во изминативе неколку сезони, кој се очекува да им помогне на Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Марин Морнар и Бојан Радуловиќ во битките под кошевите. Атар за тимот од Бандирма настапуваше во турското првенство, но и во Лигата на шампионите на ФИБА.

Дебито на Атар за МЗТ Скопје се очекува да биде веќе в четврток на домашен терен против словенечки Хелиос во рамките на АБА 2 лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот