МЗТ Скопје експресно во финалето

фото: МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје по осми пат едноподруго ќе игра во финалето на кошаркарскиот плејоф откако со максимални 3:0 го елиминира Гостивар. Последната трета победа ја остварија со 87:77 по што добија шанса за освојување на седмата титула во домашниот шампионат.

Идентично и на првата средба од полуфиналето која се играше во СЦ „Јане Сандански“, Гостивар беше рамноправен противник само во првата четвртина која ја реши во своја корист со 21:23. Домашните кошаркари се разбудија во втората четвртина, направија серија од 13:0 со која дојдоа до предност од 37:30 и умешно ја одржуваа до крајот на натпреварот.

Предраг Самарџиски со трипл-дабл од 18 поени, 13 скокови и 10 асистенции беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје, каде се истакнаа уште и Иве Иванов со 21 поен и Дамјан Стојановски со 17 постигнати поени. Во редовите на Гостивар, најрасположен за игра беше Александар Костоски со 17 поени.

Противникот на МЗТ Скопје ќе биде подобриот од втората полуфинална серија помеѓу Работнички и Блокотехна каде моментно е 1:1 во победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот