МЗТ Скопје Аеродром обезбеди плеј-оф во АБА2 лигата

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Македонскиот претставник го доби дуелот, еден од оние кои мораше да се добијат, против хрватската Горица денеска со резултат 77:73.

И со скор од седум победи и пет порази, на едно коло пред крајот на регуларниот дел, МЗТ обезбеди една од првите осум позиции кои водат во доигрувањето за места преку кои се влегува во првата лига на Јадранот.

Први стрелци во победничките редови беа Мекиќ со 16 поени, Крстевски 14 и Тарнер 13, додека Д. Стојановски додаде 10. На спротивната страна 15 коша беа дело на Баковиќ, еден помалку имаше Калајџиќ, а 10 Љубичиќ.

Ова беше 12 натпревар за „металците“ во АБА 2 лигата, по кој се на ефект од седум победи и пет порази. Последниот од регуларниот дел од регионалното натпреварување, ќе го играат на 28 март (недела) од 13.00 часот, а противник им е екипата на Златибор.

Вечерва, од 21.00 часот, вториот наш претставник во оваа јадранска конкуренција, екипата на Работнички игра против словенечкиот Хелиос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот