МЗШВ: Земјоделците да го запазат рокот за поднесување барања за субвенции

Рокот за аплицирање истекува утре на полноќ.

МЗШВ упати апели до земјоделците да го запазат рокот за поднесување барања за да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите. Од таму соопштуваат дека до сега вкупно аплицирале 60.350 земјоделци и потсетуваат дека рокот за аплицирање истекува утре на полноќ.

– Според информациите од подрачните единици во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува оваа бројка да се зголеми. Сите земјоделци кои сакаат да ги поднесат своите барања можат да го сторат тоа самостојно, по електорнски пат преку регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk, заклучно со утрешниот ден (петок) до 00:00 часот, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата за субвенции се поднесуваат за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош, можат да се обратат во подрачните единици на Министерството. Доколку им е потребна дополнителна помош, може да се кават и телефонски, на контакт-броевите истакнати на веб страницата на МЗШВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот