МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 17 679 вакцини

Коронавирус Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во пунктот во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Значително зголемен интерес за вакцинација од граѓаните имало вчера, соопшти Министерството за здравство и посочува дека вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен во помалите места и руралните средини.

Заклучно со вчера, вакцина примиле вкупно 543 597 граѓани, ревакцинирани се 439 048, односно аплицирани се 982.645 дози. Вчера се вакцинирале 17 679 граѓани, а прва доза примиле 8030.

Министерството информира дека според последните бројки, барем една доза вакцина досега примиле 66 проценти од населението над 70 години, 63 проценти над 65 години, 59 отсто од луѓето што се повозрасни од 60 години и 48 отсто од луѓето над 50 години.

Граѓаните може да се вакцинираат без закажан термин на вакцинални пунктовите низ државата. Закажување е потребно само за малолетници од 12 до 17 години на веб-страницата vakcinacija.mk. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Министерството за здравство напоменува дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход, наведува Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот