МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи

Интензивирањето на соработката помеѓу МВР и АД „Пошта на Северна Македонија” е една од темите на кои се разговарало на денешната средба на ресорниот министер Оливер Спасовски со генералниот директор Јани Макрадули.

Од МВР соопштуваат дека од двете страни е истакната потребата од формирање работна група која би ги разгледала сите евентуални пречки  за испорачување на личните документи на граѓаните на домашна адреса, како и за можните  предизвици и насоки за заживување на електронската трговија.

– Министерот Спасовски ја потенцираше поддршката од страна на Министерството за внатрешни работи, како и досега, со единствена цел, граѓаните побрзо и поефикасно да ги добиваат личните документи на домашна адреса, се наведува во соопштението на МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот