Муслиу: Само победа против Украина за нас е позитивен резултат

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската А фудбалска репрезентација наскоро ќе одигра два нови натпревари од квалификациите за ЕП 2024.

Најпрвин на 16 јуни во Скопје нашите најдобри фудбалери ќе играат против Украина, а три дена подоцна ќе се соочат со Англија во Манчестер на „Олд Трафорд“.

Еден од одбранбените репрезентативци, Висар Муслиу вели дека треба да се оди натпревар по натпревар, а погледите се насочени кон дуелот со Украинците.

Дефанзивецот на германскиот клуб Инголштад посакува позитивен резултат против селекцијата која има нов селектор.

– Атмосферата во репрезентацијата била и мислам дека и сега ќе биде позитивна, но тоа треба да го потврдиме со добри резултати. Нормално, ние сме професионалци, треба да размислуваме натпревар по натпревар, прво да ја завршиме нашата работа против Украина, а потоа за Англија ќе видиме како и што, тоа е работа на селекторот. Кога играш дома и кога играш против директен конкурент нормално мислиш на победа, за нас тоа е позитивен резултат – рече Муслиу.

Пуштени во продажба билетите за Македонија – Украина

Ашковски: Кога играш за Македонија, не постои замор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот