Ашковски: Кога играш за Македонија, не постои замор

Македонската фудбалска А репрезентација ги започна подготовките за новите два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски најпрвин во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ ќе играат против Украина на 16 јуни, а три дена подоцна во Манчестер ќе се соочат против еден од фаворитите во групата, Англија.
Потсетување дека веќе започна продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Украина. Повеќе информации ТУКА
Помеѓу повиканите за претстојните дуели е и напаѓачот Стефан Ашковски. Сезоната е завршена, а играчот на грчкиот клуб Ламиа вели дека заморот треба да се заборави после клупските обврски.
– Мило ми е што повторно сме заедно, заедно сите репрезентативци. Нè очекува еден период од два натпревари со добри противници. Но, секако исто да видиме до каде ни се можностите. Кога играш за Македонија, за својот национален тим, мислам дека кога доаѓаат тие натпревари, заморот го забораваме, го ставаме во втор план. Имаме една победа, очекувањата се да ја продолжиме добрата низа – рече Ашковски.