Официјално: Украина предводена од Ребров ќе гостува во Скопје

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Репрезентацијата на Украина конечно и официјално доби нов селектор пред натпреварот со Македонија во квалификациите за Европското првенство.

Украина на 16-ти јуни гостува во Скопје, а во овој натпревар селекцијата ќе ја предводи легендарниот напаѓач Сергеј Ребров. Неговиот договор со Ал Аин од ОАЕ му истекуваше на крајот од овој месец, а сега ги доби потребните документи за да може да стави потпис на соработката со Украина.

„Среќен сум што се вратив во Украина и што ќе работам во мојата татковина. Семејството прифати да се вратиме и пред се сакам да се заблагодарам на вооружените сили кои ја бранат државата и овозможуваат ние нормално да работиме. Разговорите да се вратам беа од поодамна, сега се отвори шансата за соработка. Чест и задоволство ми е што ќе ја водам мојата татковина“, изјави Ребров.

Во Скопје Украина ќе гостува без Олександар Зинченк ои напаѓачот Роман Јеремчук. Пред натпреварот со Македонија, Украина ќе одигра пријателски натпревар со Герменија во Бремен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот