Муслиу: Да покажеме на теренот и стигнеме до добар резултат против Ерменија

Одбранбениот репрезентативец Висар Муслиу добро го познава следниот ривал/Фото: instagram.com/ФФМ

Македонската А репрезентација предводена од новиот селектор Благоја Милевски ги започна тренинзите за претстојните три нови квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2022 Катар.

Следниот четврти меч нашата сениорска селекција ќе го има на 2 септември во Скопје против Ерменија. Добар дел од сегашните репрезентативци се знаат со Милевски, од У21 репрезентацијата која во 2017 година играше на Европско првенство.

Тоа го истакнува и одбранбениот репрезентативец Висар Муслиу кој се надева дека со чисти глави, со добра игра на крајот ќе се постигнат посакуваните резултати.

– Среќен сум што сум дел од репрезентацијата после Европското првенство. Првите три натпревари кои ги започнавме за овој циклус за Светското првенство беше сè како што планиравме, со бодовите, но тој биланс треба уште повеќе да го подобриме во овие следни мечеви.

Билетите за натпреварот Македонија – Ерменија пуштени во продажба

Треба што подобро да се прилагодиме на плановите и идеите на новиот стручен штаб, многумина од нас сме соработувале (со Милевски) и во У21 селекцијата.

За Ерменија, сме играле против оваа селекција во последните неколку години, да не кажам секоја година по два натпревари. Знаеме за кој противник станува збор, ги знаеме нивните добри страни, многупати сме ги анализирале. Треба да покажеме на теренот на што подобар начин, да ги отвориме и да стигнеме до добар резултат – вели нашиот репрезентативец Муслиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот