Билетите за натпреварот Македонија – Ерменија пуштени во продажба

фото: fkrabotnicki.com

Билетите за домашните натпревари на македонската А репрезентација од квалификациите за Светското првенство 2022 против Ерменија се пуштени во продажба.

На 2 септември од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат против Ерменија.

На 8 септември во истиот термин противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Цена на билетот за двата меча е 300 денари.

Денеска МКТикетс објави дека пуштени се во продажба билетите за првиот домашен натпревар против Ерменците.

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.

Воедно сите кои ќе сакаат да присуствуваат на овој меч, мора да го почитуваат протоколите во борбата за заштита од ковид-19.

ВАЖНА напомена:

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот