МУРИЊО ПРОТИВ ЧЕЛЗИ: Јас сум 100% Тотенхем! Го сакам Лампард, но…!

фото: твитер

Иако за многумина прва асоцијација на португалскиот „Специјалист“ е Челзи, седна на клупата и на уште еден голем ривал на лондонскиот клуб во период од неколку години.

Додека беше менаџер на лондонските „сини“, изјави дека никогаш нема да води ниту еден друг клуб во Англија, но го прекрши тоа „ветување“, го водеше Манчестер јунајтед, а од оваа есен е и менаџер на Тотенхем.

Уште еден меч на Мурињо против својот поранешен клуб Челзи (кој сега го води клупската легенда Френк Лампард) в недела во рамките од 18. коло во Премиер лигата. Дуелот ќе се одигра на теренот на Тотенхем.

Се очекува една интересна битка, моментно на четвртото место во генералниот пласман е Челзи со 29 бодови, три повеќе од петтопласираниот Тотенхем.

– Го сакам Лампард, секогаш ќе го сакам тој човек. Но, се надевам дека ќе биде поразен в недела – рече Мурињо пред новинарите.

– Јас сум сега 100% Тотенхем. Целосно сум посветен на клубот, како што тоа беше и претходно. Нема никакво сожалување пред моите поранешни клубови – додаде португалскиот стратег.

Како тренер на Интер двапати со 2:1 и 1:0 беше подобар од Челзи, но беше неуспешен како менаџер на Јунајтед. Две победи, реми и дури четири порази.

– Го давав максимумот од себе во претходните клубови и така ќе биде сега со Тотенхем. Не ми е воопшто тешко од емотивен агол – заврши Мурињо.

Воедно потврди дека во тимот веројатно се враќа францускиот играч за врска, Танги Ндомбеле, додека новост е продолжување на договорот на Тоби Алвервирелд. Иако се шпекулираше дека Белгиецот би можел да си замине без обесштетување, Мурињо го убеди да остане во лондонската екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот