Мурињо ги одбил Селтик, Рома и Валенсија…

Жозе Мурињо / Фото: EPA-EFE/GLYN KIRK

Шкотските медиуми објавија дека Селтик за нов менаџер го сака Жозе Мурињо, но добиле негативен одговор и не се единствен тим кој добил корпа од Португалецот.

На навивачите и на управата на Селтик многу тешко им падна тоа што најголемиот ривал Ренџерс ја освои титулата и им ја прекина деветгодишната доминација и планираат експресно да возврат наредната сезона. Бидејќи на клупата на Ренџерс седи поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, во Селтик сакаа да одговорат со Жозе Мурињо, а оваа вест ја потврди и новинарот Данкан Касл.
– Моите информации велат дека Селтик ги направил првите потези веднаш откако Ренџерс предводен од Стивен Џерард на убедлив начин ја освои титулата. Сакаа големо име на клупата кое ќе ги врати на врвот, меѓутоа како што сфатив, одговорот на Мурињо бил дека добил и други понуди, но сега не е подготвен да тренира ниту една екипа – објаснува Касл.
Наводно понуда до Мурињо доставиле и Рома и Валенсија, но и италијанскиот и шпанскиот тим исто така добиле негативен одговор.
Мурињо моментно е без работа откако во понеделникот доби отказ во Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот