Мундобаскет, Србија го напаѓат тронот на ранетите Американци

Денеска започна светското кошаркарско првенство кое ќе биде посиромашно за најголемите НБА ѕвезди кои не сакаа летото  да го поминат со репрезентацијата. Токму затоа, останатите репрезентации, во прв ред Србија, а потоа и секогаш силните Шпанија, Аргентина, Франција, Литванија… намирисаа крв и во Кина гледаат шанса да ги симнат американците од тронот.

Но и составот на САД иако селекторот Грег Попович не може да смета на најдобрите кошаркари на денешницата, има млад и респектабилен состав и сигурно нема така лесно да се откаже од титулата. Дека се ранливи покажаа на подготовките, тие за прв пат по 13 години, дури 78 победи во низа, загубија, и тоа од Австралија на подготовките.

Според ФИБА, главен фаворит за титулата е селекцијата на Србија која имаше максимален учинок во подготовките притоа победувајќи ги конкурентите како Грција, Италија, Литванија, Франција…

Голем хендикеп ќе претставува отсуството на капитенот Милош Теодосиќ кој не успеа да се опорави на време од повредата на стапалото, но и без него селекторот Александар Ѓорѓевиќ има доволно силен состав во кој главната  улога ја имаат Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ, и имаат доволно „оружје“ за да стигнат со титулата.

Покрај  САД и Србија, свои шанси за напад на светската титула гледаат секогаш нездодните Франција, Литванија, Аргентина, Шпанија иако ќе биде без Гасол, Миротиќ, Родригез и Грција која во своите редови го има МВП играчот од НБА лигата, Јанис Адетокумпо.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
9.30 Англија – Србија
10.00 Полска – Венецуела
10.30 Иран – Порторико
10.30 Русија – Нигерија
13.30 Италија – Филипини
14.00 Кина – Брегот на Слоновата Коска
14.30 Аргентина – Ј. Кореја
14.30 Шпанија – Тунис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот