Мултимедијална кампања „Прозорците што се смеат“

Театар „Пи“ во соработка со „Порака“ – Скопје на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, ја почна мултимедијалната кампања со наслов „Прозорците што се смеат“. Фокусот на проектот е да се развие разбирање за тешкотиите со кои ранливите групи се соочуваат кога се обидуваат да го изразат својот глас во општеството. „Кај нив, во изминатиов период, како и кај сите граѓани, е намалена комуникацијата, социјализацијата, самостојноста во извршување на сите активности. Ваквата состојба предизвикува и лицата со попреченост да станат поранливи, да се јави чувство на осаменост, која носи и други последици“, велат од Театар „Пи“.

Проектот почна со изложба на уметнички инсталации на плоштадот „Филип Втори“, кои Театар „Пи“ ги подготви заедно со лицата со попреченост, а ќе продолжи на 18 декември со онлајн музички концерт и онлајн документарен филм. Проектот е поддржан од Град Скопје и Делегацијата на Европската Унија, а концептот и режијата се на Македонка Илиевска и Златко Митрески.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 59, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот