Муцунски: За одредување датум за избори потребен е целосен консензус

тимчо муцунски
Тимчо Муцунски/ Фото: МИА

Муцунски истакна дека како кандидат за пратеник ништо не би му значело позицијата пратеник во македонското Собрание, ако со учеството во изборниот процес му наштети на здравјето, макар и на еден граѓанин.

За ВМРО-ДПМНЕ државниот интерес и здравјето на граѓаните се главни приоритети при договарањето на новиот датум за одржување на парламентарните избори, вели Тимчо Муцунски кој е кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во емисијата “Патот кон” на Алсат телевизија истакна дека во Македонија треба да надвладее една култура на постигнување на компромис, и дека тој компромис треба да се постигне и при одредувањето на датумот за избори. Датумот за избори треба да се одреди на истиот начин на кој што истите беа и одложени.

– Повеќе од потребно е да се воспостави консензус. Не е наше да лицитираме со датуми за избори, наше е да веруваме дека ќе надвладее една култура на компромис во нашето општество. И дека на начинот на кој што се договорија изборите на 12 април, на начинот на кој што се одложија изборите заради појавата на пандемијата, на еден ист таков начин сите политички субјекти ќе се однесуваат разумно, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека како кандидат за пратеник ништо не би му значело позицијата пратеник во македонското Собрание, ако со учеството во изборниот процес му наштети на здравјето, макар и на еден граѓанин.

– Ние сме кандидати за пратеници, но на мене ништо не би ми значела позицијата пратеник во Собранието доколку со учеството во еден таков изборен процес сум наштетил на здравјето на најмалку еден граѓанин во нашата земја. Разумното однесување е тоа што ќе не однесе до утврдување на изборен датум кој што ќе биде одржлив и кој што ќе може, сите релевантни политички субјекти да го поддржат, констатираше Муцунски.

Не треба да има непромислени потези, додаде тој, кој што можат да влијаат негативно на евро интеграцискиот пат кои што можат да влијаат негативно економијата, кој што можат да влијаат дополнително негативно во создавањето на една нова политичка и уставна криза. Таквите непромислени потези треба се избегнат и сите треба да се однесуваме здраво разумно за наоѓање на решенија кои, во прв и преден план ќе го стави здравјето на граѓаните и интересот на државата, додаде Муцински.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот