Можете да ги разликувате? Тие се единствените тројки бодибилдерки, а за да изгледаат исто си вградиле и исти силикони (ФОТО)
Бразилките Адријана, Алесандра и Андреја Дантас тврдат дека се единствените тројки бодибилдерки на светот. Тие веќе со години заедно тренираат и се натпреваруваат како идентична тројка. Држат иста диета, исто вежбаат, а си вградиле и исти силикони. Толку многу личат една на друга што судиите не можат да ги разликуваат.
„Нашата врска е посилна отколку кај другите браќа и сестри. Секогаш се потстрижуваме исто. А кога Адријана вгради силикони и ние две го направивме истото кај истиот доктор“, рекла Алесандра.
Иако се натпреваруваат една против друга, тврдат дека не се конкуренција. Која од нив да победи, другите две се чувствуваат како да победиле и тие.