Може ли правниците кои положија правосуден испит пред дипломирање да останат без уверенијата?

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Не стивнуваат реакциите во јавноста по аферата во која 448 студенти им било дозволено да полагаат правосуден испит без при тоа да имаат завршен факултет. Дилемата во експертската јавност оди дотаму што се дебатира дали овие уверенија за правосуден испит издадени во периодот од 2008 година па до 2015 година на студентите може да се повлечат односно истите да се ревидираат од страна на надлежните и дали за ова некој ќе превземе одговорност.

Поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур Г-ѓа Маргарита Цаца Николовска во изјава за „Слободен печат“ вели дека последниот случај со недипломираните студенти меѓу кои беше и синот на Талат Џафери, Барлет со кои им се дозволило да се стекнат со право за полагање на правосуден испит ја доурива и онака ниската доверба кај граѓаните за правосудниот систем во земјава.

Маргарита Цаца Николовска – судија / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

– Овој случај само дополнително ја зајакнува во голема мера недовербата во судството. Станува збор за голем број на студенти за кој останува енигма зошто никој досега не реагирал. Во исто време имаме повлекување на обвинителите од конкурсот за повисока позиција од не знам која причина. Имаме оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Ни се случи сомнителен и не транспарентен избор на првиот човек во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК за кој регираше и американската амбасада но и домашната јавност додека во исто време немаме никаква одговорност за ова делимично распаѓање на правосудството во земјава – коментира судијката Николовска.

Таа додава дека зборувањата во јавноста за дискреционо право на тогашниот министерот за правда да им дозволи стидентите но и на синот на Талат Џафери  да полагаат правосуден се надвор од здрав памет бидејќи тоа не е законски дозволено.

– Во никој случај министерот не смеел да дозволи полагање правосуден испит без завршен факултет. Тоа ниту е законски ниту во пракса досега некој го сторил. Она што го знам јас тој можел единствено да одобри таков чин со дискреционото право само полагање на испитот доколку кандидатот, повторувам евентуално му недостасувале неколку месеци од стажирањето во државната институција – објаснува Николовска.

Според неа, мисијата за создавање на независно судство во земјата секако дека не е невозможна, прашање е само на начин како тоа ќе се изведе, во контекст на најавите на функционирите и министрите на постоечката влада.

– Мислам дека некој мора да превземе одговорност. Јас размислувам што со овие студенти полагале или не полагале и што влегле на академија за судии и како овие лица утре ќе треба да делат правда. Повторувам овој скандал треба целосно да се испита а одговорност мора да има без разлика за чиви деца станува збор – подвлекува судијката Николовска и додава дека дипломите на овие правници треба да се ревидираат.

Слично за скандалот размислува и професорот Борче Давитковски.

Проф. Борче Давитковски

– Во законот за полагање на правосуден испит јасно стои кој може да полага правосуден испит а кој не. Во него прецизно е наведено дека студентите кои завршиле по старата програма на студирање и имаат 240 кредити и оние кои завршиле по новата програма со мастер и имаат собрано 300 кредити дека може да полагаат правосуден испит. Како сега одеднаш овој Закон не важи за еден универзитет и овие правила се изиграни за 430 студенти на кои им било овозможено да полагаат правосуден испит. Одговорност за случајот треба да се бара во поранешните структури во Министерството за правда, без оглед за чиви деца и студенти станува збор – истакна проф. Давитковски во утринската емисија Утрински печат, дополни дека во земјава секој си ги толкува законите како сака и како му одговара.

Давитковски посочи дека одговорноста за случајот лежи во управувачките структури на Министерство за правда.

Во меѓувреме институциите си ја префрлаат топката се со цел да се избегне одговорноста.
Правда соопшти дека со поминување на рокот од една година за чување на документираниот материјал поминува и одговорноста за евентуална злоупотреба во случајот. Од ресорното министерство информираа дека институциите се тие што се надлежни да утврдуваат евентуални злоупотреби и дека во случај на злоупотреба на правилата за чување документарен материјал одговорен е имателот на материјалот.

Слично како и Правда и Обвинителството во соопштение до медиумите информираше дека тие ги следат сите информации и доколку се утврди дека постојат елементи на кривично дело за случајот ќе се постапува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот