Мото ГП: Пол позиција за Франческо Бањаја во Арагон

Франческо Бањаја, возачот на „Дукати“/фото: EPA-EFE/Vincent Jannink

Возачот на „Дукати“, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Арагон во рамките од Мото ГП шампионатот.

Италијанецот Бањаја во квалификациите имаше резултат од 01:45.069 мин., што беше за 0,090 побрзо од неговиот клупски колега, Џек Милер.

Тие двајца беа најбрзи на третиот слободен тренинг и постојат сите шанси овој викенд да биде одличен за „Дукати“.

Трет ќе стартува Енеа Бастианини, а во Топ 10 се и Алеш Еспаргаро, Жоан Зарко, Фабио Квартаро, Марко Бецеки, Хорхе Мартин, Алекс Ринс и Бред Биндер.

Во генералниот пласман моментно води Фабио Квартаро со 211 бодови, Бањаја има 181, а Еспаргаро 178.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот