Морисон: Уште 1,4 милијарди долари за санирање на штетите од пожарите

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 2.000 домови беа уништени во пожарите што ја зафатија Австралија со денови.

Австралиската Влада денеска соопшти дека е подготвена да плати колку што треба за да им помогне на заедниците да се санираат штетите од смртоносните шумски пожари што ја опустошија земјата.

Премиерот Скот Морисон изјави дека Владата ќе издвои дополнителни 1,4 милијарди американски долари за да помогне во закрепнувањето на земјата од пожарите, покрај веќе ветените десетици милиони долари.

Морисон предупреди дека пожарите во земјата може да продолжат и во наредните месеци и додаде дека доколку биде потребно ќе се обезбедат повеќе пари.

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 2.000 домови беа уништени во пожарите што ја зафатија Австралија со денови.

Повеќе од 135 пожари се уште горат во Нов Јужен Велс, вклучувајќи и 70 кои не се под контрола.

Властите предупредија дека дождот нема да ги изгаси најголемите и најопасните пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот