МОНСТРУОЗНО| Мајка убила близнаци

фото Архива

Кога затруеното млеко не ги убило нејзините близнаци стари шест недели, психички болната мајка Данежа Килпатрик (23), едното бебе го изгорела со топла вода, а другото го прободела во вратот.

Кога затруеното млеко не ги убило нејзините близнаци стари шест недели, психички болната мајка Данежа Килпатрик (23), едното бебе го изгорела со топла вода, а другото го прободела во вратот.

Мајката, која ги уби близнаците минатата недела во Њујорк, наводно прво се обидела да ги отруе, а потоа поминала четири дена со нивните тела, соопшти обвинителството.

Обвинителството додаде дека смртта се случила најрано во понеделникот, пренесува New York Daily News. 

Мајката на Данежа Килпатрик прво се обидела да ги убие близнаците стари шест недели истурајќи средство за чистење дома во нивното млеко, изјави асистентката на окружниот адвокат Адарна ДеФриетас.

Кога ова не успеало, Данежа ја однела Дакота во бањата и ја потурала со топла вода се додека девојчето не престанало да плаче.

Потоа ја завиткала својата ќерка во ќебе, ја ставила во торба и ја ставила под мијалникот.

Мајката потоа го убила синот Далас со нож. Полицијата го пронашла мртво во креветчето додека од главата му излегувал нож.

Данежа, наводно, била уапсена во саботата и нема можност да плати кауција. Таа е обвинета за убиство, загрозување на благосостојбата на детето и поседување оружје.

Мајката, која наводно е психички болна, и рекла на полицијата дека „повеќе не ги сакала своите бебиња“.

“Бебињата не ми дозволуваа да спијам. Јас само се откажав и престанав да се грижам. Не се грижев за нив, па ги труев”, изјавила мајката на полицијата по апсењето, според зборовите на  обвинителот.

Полицијата ги пронајде мртвите близнаци во четвртокот. Мајката била со нив во куќата и седела на креветот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот