МОН: Сите средношколци навреме беа информирани како ќе се полага државна матура оваа година

Архива на

МОН и Владата имаат законска обврска да ја организираат матурата, со цел да им го остварат на учениците законски гарантираното право да полагаат матура. Повеќе од 14 илјади ученици пријавија државна матура, што укажува дека тие сакаат да полагаат државна матура, велат од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“, во врска со актуелните случувања со матурантите и нивното барање да полагаат два наместо предвидените четири предмети во државната матура.

– Матурата е заокружување на едно ниво од образованието и е услов за продолжување на образованието на високообразовните установи во земјава и во странство, затоа имаме обврска да ја обезбедиме. Учениците кои не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручниот испит – додаваат од МОН.

Од Министерството за бојкотот на матурантите велат и оти сите средношколци навреме биле информирани за тоа како ќе се полага матурата оваа учебна година, а посочуваат и дека веќе постои работна група која се занимава со концепт по кој матурата ќе се полага од следната година.

– Потсетуваме дека концепцијата за полагање на државната матура е донесена уште на стартот на оваа учебна година, а матурантите, Сојузот на средношколци, Здрушението „Гласот на средношколците“, наставниците и родителите, беа навреме информирани по која концепција ќе се одржи полагањето оваа учебна година. Исто така, во тек е формирање на работна група во која се вклучени средношколците и претставници на Државниот испитен центар, која што ќе работи на подготовка на целосно нова концепција за државна матура. Оваа концепција ќе биде применлива од идната учебна година – нагласуваат од МОН.

Матурантите завршија со бојкотот, од Собранието побараа законско решение за нивните барања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот