Матурантите завршија со бојкотот, од Собранието побараа законско решение за нивните барања

МОН и натаму тапка во место во врска со нашите барања испратени до нив, тие уште не се исполнети, вели за „Слободен печат“ лидерот на средношколците Бленди Ходаи. Тој вчера ја демантираше министерката за образование Мила Царовска, истакнувајќи дека поголемиот дел од матурантите, сепак, го поддржуваат бојкотот.

И покрај ова, Ходаи вели дека бојкотот завршува денеска, а од утре ќе се донесе одлука за понатамошните чекори.

– Денеска завршуваме со бојкотот, а од утре ќе одлучиме што ќе правиме. Вчера доставивме писмо до Собранието со нашите барања – вели Ходаи.

Во писмото до пратениците, Сојузот на средношколците бара поддршка, односно изготвување на законско решение кое ќе ги вклучи  нивните барања за полагање на два наместо четири предмети од државната матура за учебната 2020/21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот